Премиерот Димитар Ковачевски, преку видео порака објавена на Фејсбук, порачува: Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од Европската унија.
„Огромно е задоволството што после 17 години чекање денеска конечно ги отпочнуваме преговорите со ЕУ. Отвораме нови перспективи за државата и граѓаните и полека но сигурно се приближуваме кон големото европско семејство. За нас исклучително важно е прецизиран македонскиот јазик, без никакви дополнувања, дообјаснувања и астерикси. Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на Европската унија, што лично го сметам за најголемо достигнување и најважен успех“, истакнува премиерот Ковачевски