23 јули е 150-тиот ден од руската брутална агресивна војна на територијата на Украина. Војната која принуди милиони Украинци да бараат засолниште и нов дом. Војната, која ги уништува градовите и инфраструктурата, им одзема на Украинците квалитетно образование, лекови по цена и социјални услуги.
Фронтлајн, како и Цивил Медиа, ги повикуваат своите читателки и читатели да го проследат овој значаен светски настан.
Вториот самит на првите дами и господа е дизајниран уште еднаш да го привлече вниманието на светот кон војната што се одвива веќе петти месец во центарот на Европа. Главната тема на овогодинешниот настан ќе биде човекот. На крајот на краиштата, токму зачувувањето и обновувањето на човечкиот капитал е клучот за успешното закрепнување на земјата.
На Самитот учествува и македонската Прва дама, Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот Стево Пендаровски.
Во исто време, Самитот не е само за Украина. Станува збор за секоја земја во светот која веќе го почувствувала или може да го почувствува влијанието на војната и другите глобални кризи.