Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во два наврати со контрадикторни изјави за Преспанскиот договор.
На годинешната прослава на 2. Август, на Мечкин Камен, Николовски прашан од поддржувачи на иницијативата Бојкотирам, „Дали ќе го рушат Преспанскиот договор?“, изјавува:
„Ќе го рушиме…!“
Пред само 6 месеци, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски на ТВ 21 во гостувањето во емисијата „Клик плус“, вели дека Преспанскиот договор е реалност:
Преспанскиот договор е реалност – друго е дали тоа ни се допаѓа, рече Николоски.
Николоски во зависност од тоа на која „публика“ се обраќа, дава контрадикторни изјави и манипулира со јавноста.
Која од ови две, очигледно наменски изјави на Александар Николоски, е негов и став на партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј е потпретседател?
Ќе го руши ли ВМРО-ДПМНЕ Преспанскиот договор?
Ј. Ѓ.