ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уапсен осомничен за убиство во Атина, продлабочена соработка меѓу македонската и грчката полиција, дали и бегалците Грујевски и Бошковски ќе дојдат под удар на правдата?

Во Скопје денеска е уапсен осомничен за убиство извршено во Атина. Тоа, меѓу другото, е резултат од продлабочената соработка на безбедносните институции на двете земји по средбата на Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, со грчкиот колега. Дали ова значи дека и на бегалците Грујевски и Бошковски од злогласното УБК им се бројат деновите на засолниште во Грција?

August 6, 2022 14:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Осомничен 21-годишен маж се очекува денеска да се појави пред обвинител во врска со убиството на 17-годишната девојка во понеделникот во западното атинско предградие Перистери. Лицето беше уапсено во петокот во близина на Скопје, Северна Македонија, и беше екстрадирано во Грција, објави денеска грчки Екатимерини.

Македонската полиција започна потера по барање на полицијата во Атина, која верува дека осомничениот за убиството се обидел да побегне во некоја од земјите на северна Европа.

Полицијата успеала да му влезе во трага на мажот користејќи ги сигналите од неговиот мобилен телефон, како и оние од телефонот на убиената девојка, кој осомничениот го одзел.

Осомничениот, кој е со пакистанско потекло, бил дел од група илегални мигранти запрени од македонската полиција. Се очекува одлука за негова екстрадиција во Грција.

Жртвата, Николета, била пронајдена мртва од нејзината мајка и сестра кога се вратиле во семејниот дом нешто по 23 часот во понеделникот навечер, на 1 август. Таа беше задавена.

Оваа акција е дел од соработката меѓу македонската и грчката полиција која е продлабочена по посетата на делегацијата од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) предводена од директорот м-р Сашо Тасевски кој на 28 јули се сретна со неговиот колега, полицискиот генерал-полковник Константинос Скумас.

М-р Сашо Тасевски на средба со својот грчки колега ген.-полк. Константинос Скумас, 28 јули 2022

Во таа прилика, двете страни оваа средба ја оценија како значен момент по кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу полициите, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста како на двете соседни земји, така и на регионот.

Може да се очекува дека продлабочувањето на оваа соработка меѓу македонските и грчките институции може да води и кон решавање и на други значајни случаи. Дали ова значи дека и на бегалците Грујевски и Бошковски од злогласното УБК им се бројат деновите на засолниште во Грција? Можеби е сè уште рано да се предвидува, но можеби не е далеку денот кога грчките власти ќе решат да ги екстрадираат двајцата бегалци од македонската правда.

Активни меѓународни потерници по Грујевски и Бошковски

Да потсетиме, се работи за Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата обвинети во предметите на СЈО, „Тврдина“ и „Таргет“ што се однесуваат на нелегалното прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР. Обвинението за овие двајца се однесува и на физичкото уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите права и слободи во земјава.

Меѓународната потерница по Грујевски и Бошковски сè уште е активна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk