ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ирански конзеравтивни медиуми го поздравија нападот врз Салман Ружди, напаѓачот е по потекло од Либан

August 13, 2022 17:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Главниот ирански дневен весник, ултраконзервативниот Каихан, денеска го поздрави вчерашниот напад врз авторот на Сатанските стихови, Салман Ружди и изрази воодушевување кон напаѓачот.

Ружди вчера беше избоден со нож во вратот и торзото додека беше на сцена за време на настан во културен центар во северозападниот дел на државата Њујорк.

„Браво за овој храбар и совесен човек кој го нападна Салман Ружди, кој е отпадник и развратен човек“, напиша Каихан.

Повеќето ирански медиуми го карактеризираат Ружди како „одметник“, како што го нарекуваат иранските власти.

„Ги бакнуваме рацете на човекот кој со нож го погоди вратот на божјиот непријател“, се вели и во текстот на иранското издание.

Весникот „Иран“ напиша дека е поразен „вратот на ѓаволот“.

Засега иранските власти официјално не го коментираа нападот врз 75-годишниот интелектуалец. Сепак, некои ирански функционери, како што е нуклеарниот преговарач Мохамад Маранди, ги искажаа своите ставови за нападот.

„Нема да леам солзи за писател кој зборува со бескрајна омраза и одбивност за муслиманите и исламот“, напиша Маранди на Твитер.

Британскиот писател со индиско потекло Ружди (1947) е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводна навреда на исламот во романот.

Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.

Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот.

На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство.

Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.

– Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах./МИА/

Next Post
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Добрата и лошата страна на Рамковниот договор

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk