ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Добрата и лошата страна на Рамковниот договор

August 13, 2022 18:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ

Знам дека на некои нема да им се бендисаат моите ставови во однос на ова прашање. Ама сепак немам намера да воведувам автоцензура. И ќе си го кажам гласно тоа што го мислам.

Што се доби позитивно со Рамковниот договор? Се доби поголема рамноправност. И многу повеќе заличивме на нормално граѓанско општество. Ќе наведам два примера. Пред да дојдам со своето семејство во Канада, во МК работев во Дирекцијата на „Македонска Пошта“. Тогаш така беше називот. Работев во Службата за кадри и образование и компјутерски ја водев комплетната кадровска евиденција за сите вработени. Во Дирекцијата и во сите 15 подружници низ Македонија. Отприлика 2-3 години пред да си заминам, во Дирекцијата бевме вработени 142 луѓе. Од нив имаше само еден Албанец, во Бирото за филателија. Мирен дечко, образован. Често доаѓаше да пиеме заедно кафе. Е тој еден и единствен Албанец на многумина им ‘бодеше очи’. Такви беа состојбите пред Рамковниот договор.

Вториот пример е исто така од „Македонска Пошта“. Во Македонија имаше 15 подружници. Скопје 1, Скопје 2, Битола, Прилеп, Тетово итн. Во сите 15 подружници немаше ниту еден директор Албанец. Едно утро ме викна во неговата канцеларија генералниот директор Ацо Ѓурчески (подоцна беше и Орг. секретар на СДСМ) и ми даде податоци за двајца Албанци за да изготвам решенија за именување на нови директори во подружниците Тетово и Гостивар. Ми рече само да ми бидат готови, а дека планот ќе се рееализира во следните неколку дена. Истиот ден, пред завршување на работното време, во канцеларија ми дојде една девојка. Се претстави како новинарка во „Дневник“ и ме праша дали се точни гласините дека во Тетово и Гостивар за директори ќе се поставуваат Албанци… Јас ѝ кажав дека не сум запознат и ја упатив кај директорот Ѓурчески. Сметав дека е подобро тој да процени што да каже и кога да каже. Она што мене ми остави многу силен негативен впечаток е што тоа именување на директори Албанци во 2 од вкупно 15 подружници јавноста го дочека како невиден СКАНДАЛ. А и вработените во поштата беа шокирани. Такви беа состојбите пред Рамковниот договор.

Што е негативното во Рамковниот договор? Негативната работа е тоа што борбата за позитивните работи започна со оружје. Иако не гледам како можеше со други методи да се реши проблемот што го имаа Албанците, сепак никогаш нема да го оправдам тоа пукање од тетовско Кале во насока на градот Тетово. Не можам овде да не ги спомнам и масакрот кај Карпалак, немилите настани во Мала Речица, Бит Пазар, Арачиново итн.

Да завршам со прославата на годишнината од Рамковниот договор. Иако јас тој Рамковен договор го сметам за многу значаен за демократскиот развој на Македонија, сепак не сум среќен заради најавената прослава. Сè уште многу рани од тој воен конфликт во 2001 година не се залечени и знам дека огромен процент од македонската популацијата со горчина гледаат на оваа прослава. Доволна причина за внимателност. Нека се одбележи, но не мораше тоа да биде со ваква помпезност. Не е во ред да се игнорираат чувствата на мнозинството граѓани во државата.


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Мицкоски во друштво со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ Томе Блажески

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk