РИБАРО
Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе ја напушти политиката засекогаш ако некој од партијата гласа за промена на Уставот, потпретседателот на партијата Александар Николоски и пратеникот Антонио Милошоски, како што дознава екипата на АХА, се пуштиле во поход да најдат и кандисаат некој од актуелните пратеници да гласаат за уставните промени со кои Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ,
Ова ни е шанса што не смееме да ја пропуштиме, истакнал Антоњо. Овој сам си пука во себе, ете до толку е неспособен, рекол Милошоски откако ја чул изјавата на Мицкоски, дознава АХА од близок на пратеникот.
Николовски пак, како во моментов најблизок до Мицкоски, би требало да има, повеќе, ако не други, барем морални потешкотии да му го закуца на Мицко во грб.
Но ви се молам, кога било пречка за некој од таа партија да се испотепаат било политички или физички меѓу себе за да дојдат до позиција, вели познавач на вмровската историја, проф. д-р. академик за АХА, кој сакаше да остане анонимен.
Николоски не губел време, ги збоднал јатаците и кодошите, ветил брда и долини (читај позиции и тендери) и уште истиот ден добил ветувања од барем тројца вмровски пратеници дека ќе го заебат Мицко.
Мил ми е Мицко, но посилно е вмровското во мене, рекол со мала доза на каење Николовски, пренесува изворот на АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK