ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Руска пропаганда „скриена“ во агенциските вести

August 19, 2022 10:23
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Денеска ќе ви дадам еден конкретен пример за тоа како функционира руската пропаганда, што може да им помогне и на читателите и на оние што секојдневно ја информираат јавноста и креираат јавно мислење. Да почнеме со ред.

Во тридневната израелско-палестинската „размена на оган“ од 5 до 7 август, во воздушните напади на израелската воена авијација и артилерија загинаа 46 Палестинци, меѓу кои и 16 деца, според извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Министерството за здравство во Газа пријави 360 повредени Палестинци, меѓу кои 151 дете, а израелските власти, без многу детали, јавија дека 70 луѓе биле повредени во ракетните напади на Исламски Џихад од Газа. Тоа е резимето на оваа кратка епизода од бескрајната крвава низа на Блискиот Исток, што нè води кон примерот за руската пропаганда македонското медиумско тло.

На 6 август се појави еден наслов во повеќе македонски медиуми во кој се вели дека „ЕУ и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа“. Повеќето објави го наведуваат изворот МИА. Речиси идентичен наслов се наоѓа и на десетина српски портали. Текстот во српските и македонските медиуми со овој и слични наслови се исти.

Се работи за руска пропаганда. Како тоа?

Точно е дека и ЕУ и Русија излегоа со изјави за ескалацијата на насилствата меѓу израелските сили и палестинските џихадисти. Но точно е и дека реакции и апели имаше од сите страни на светот, од големи и мали држави, релевантни и помалку релевантни светски организации и институции. Реагираа ОН, ОБСЕ, ЕУ, САД, Арапската Лига и кој сѐ не. Но овој наслов посебно ги доведува ЕУ и Русија во релација и ги изедначува по вредност и важност.

Што е целта на насловот и на текстот? Целта е да се изедначи важноста на ЕУ и Русија за важни прашања, а особено затоа што се работи за оружен судир. Да се прикаже Русија како важен фактор во светот кој може да се „загрижи“ за некоја криза.

Публиката треба да добие порака дека „загриженоста“ на Русија има, ни помалку ни повеќе, иста тежина како онаа на ЕУ. Па уште и акцентот на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, беше на потенцијалното влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во појасот Газа.

Дескот на МИА најверојатно само механички презел содржина од новинските куќи во Србија. Такви се насловите во Н1, Нови Магазин и Данас. Но тој што ја составувал веста, а особено насловот бил на задача која не е (само) новинарска.

Сепак, ако веќе морало да се презема, десковите кај нас имале избор. И во медиумите во Србија и многу пошироко, има наслови во кои се говори за реакциите во светот и тие се објавени во посебни содржини. Таков е случајот со Српска инфо и ХепиТВ, кои известуваат за реакцијата на ЕУ, Слободна Европа и српското издание на Еуроњуз, кои известуваат за реакцијата на ОН.

Голем број српски медиуми не ја ни спомнуваат изјавата на Захарова. Бидејќи е манипулативна, а во контекст на бруталната агресија против Украина, таа е и гротескна.

Мониторинг тимот на Цивил ја препозна пропагандата на Русија во изјавата на портпаролката на руското МНР, Захарова, и го објави насловот „Русија се обидува да се наметне како фактор за решавање на конфликтот во Појасот Газа“. Извештајот на Цивил јасно ја лоцира пропагандната манипулација на Русија која истовремено со воените дејствија во Израел и Газа ја загрози безбедноста на нуклеарката во Запорожје, Украина, најголемата во Европа. Во слична насока оди и коментарот на колегата Муратов „Русија глуми ‘загриженост’ за Палестина додека гранатира цивили и нуклеарна централа во Украина“.

Живееме во воено време кога пропагандата е жестока и има многу различни форми. Се вели дека информативните содржини во медиумите служат за непристрасно и неутрално информирање на јавноста. Но од овој пример се гледа како тие влијаат врз јавното мислење.

Секој ден, во многу медиуми се гледа таа „тивка“ пропаганда, руска, националистичка, партиска, комерцијална… Затскриена зад „објективност“, „неутралност“ и „непристрасност“ на информативните прилози во медиумите, пропагандата од било кој вид и на било која тема има посилен ефект отколку огласите и рекламите. Размислете малку, прочитајте повнимателно и ќе видите за што ви пишувам, драги читателки и читатели.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 

Next Post

(ВИДЕО) Пожар избувна во складиште за муниција во рускиот регион Белгород

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk