ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија

August 28, 2022 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Северна Македонија, истакнува во објава на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.

„Европската комисија веќе ја усвои програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура“, потсетува Маричиќ.

Благодарение на континуираната поддршка која ја добиваат нашите земјоделци, нагласува Маричиќ, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот.

„Со членството во Европската Унија, во областа на вино и храна, ќе се овозможи:

Македонските земјоделци да имаат слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ.

Северна Македонија да биде дел од Европската економска зона и од единствениот пазар на државите членки на ЕУ, со што се отвораат нови можности за македонските производители.

Да регистрираме и заштитуваме земјоделски производи, кои се веќе регистрирани и заштитени со национални ознаки на потекло, географско потекло или гарантиран традиционален специјалитет.

Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, кои ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, со кои македонските земјоделци ќе имаат можност за полесно модернизирање на земјоделството и производство на многу поквалитетни и поконкурентни производи.

Отворен пазар за произведената македонска храна.

Подобрен квалитет и хигиена на храната, 100% безбедна, сигурна и конкурентна на европскиот пазар.’, потенцира Маричиќ.

Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан од 1 до 4 септември во Белград е собирот каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна. Градејќи партнерства и пријателства, регионално и глобално се поврзуваме за нови соработки, можности и перспективи, нагласува Вицепремиерот.

 

Next Post

Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите, честит да е 28 август - Денот на рударите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk