Познатиот колумнист и аналитичар, еден од најзначајните македонски новинари и уредници, по повод тригодишнината од постоењето на Фронтлајн, напиша:
Три години на Прва линија
Прва линија не е неутрална.
Прва линија е ангажирана.
Прва линија не е пасивен трансмитер на содржини од општ карактер.
Прва линија е активен фактор.
Прва линија не е партиски сервис.
Прва линија е сервис на вистината и на борбата за слобода и правда.
Прва линија е сè што другите не се.
Редакција Фронтлајн се гордее што токму Бранко Тричковски е колумнист на Фронтлајн од првиот ден и му благодари за прекрасните зборови.
„Ќе работиме посветено, да ги оправдаме зборовите на Тричковски“ – гласи заедничката редакциска порака од Првата линија.