ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Словенија гласа за нов шеф на државата

October 23, 2022 12:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа.

На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за човекови права Наташа Пирц Мусар и кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез.

Доколку денеска нема победник, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе влезат во вториот круг кој ќе се одржи на 13 ноември. Според последните анкети, Логар може да смета на влез во вториот круг, додека Пирц Мусар и Брглез се борат за второто место. Изборите се сметаат за тест за либералната влада на Роберт Голоб, кој го смени кабинетот на популистот Јанез Јанша пред шест месеци, по парламентарните избори на 24 април, во услови на криза поттикната од руската војна против Украина.

Логар, член на Словенечката демократска партија на Јанша, според последните анкети има поддршка од околу 30 отсто од гласачите.

Независната кандидатка Наташа Пирц Мусар (54), адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци и поранешен новинар, според анкетите може да смета на околу 20 отсто од гласовите.

Според испитувањата на јавното мислење, зад Пирц Мусар е пратеникот на владејачките социјалдемократи, 55-годишниот Милан Брглез, пратеник во Европскиот парламент и поранешен претседател на словенечкиот парламент. Брглез, кој е поддржан и од Движењето за слобода на премиерот Голоб, според анкетите има поддршка од околу 17 отсто од гласачите.

На изборите учествуваат независниот кандидат Владимир Пребилич, градоначалник на Кочевје, а потоа гинекологот Сабина Сенчар, членот на партијата Левица Миха Кордиш и членот на десничарската Нова Словенија Јанез Циглер Краљ, поранешен министер за труд.

Победникот на изборите ќе го наследи центристот Борут Пахор, чиј втор петгодишен претседателски мандат истекува во декември, а Уставот не му дозволува да се кандидира за трет.

Функцијата на претседателот на Словенија е главно церемонијална, но шефот на државата, кој е и врховен командант на вооружените сили, ужива авторитет бидејќи е директно избран од граѓаните.

Победник на изборите ќе биде петтиот претседател на Словенија од прогласувањето на независноста во 1991 година. Досегашни шефови на државата биле – Милан Кучан (1991-2002), Јанез Дрновшек (2002-2007), Данило Тирк (2007-2012) и Борут Пахор (2012-2022).

Next Post

Европол: Драматичен пораст на нападите на банкомати

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk