ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЕП го мобилизира граѓанскиот сектор за преговарачкиот процес со ЕУ

November 29, 2022 12:46
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Секретаријатот за европски прашања објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

СЕП потсетува и на најавата на вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ дека преговорите ќе се водат транспарентно и инклузивно, со сите општествени чинители.

– Граѓанскиот сектор e важен партнер во спроведувањето на реформите на патот кон ЕУ, бидејќи со своето знаење и искуство дава значаен придонес во развојот и подобрувањето на клучните стратешки документи, како и спроведување на политиките кои нè приближуваат кон членство во ЕУ, смета Маричиќ.

Целта на овој повик е создавање регистар/база на граѓански организации на кои СЕП ќе може да смета во текот на процесот на преговори за пристапување кон ЕУ и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување.

Заинтересираните граѓански организации имаат можност да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на Европската Унија во рамки на нивното поле на делување, исклучиво преку пополнување на електронскиот формулар за регистрација достапен на веб страницата на Секретаријатот за европски прашања, односно на следниот линк.

Сите граѓански организации кои се регистрирани во државава според Законот за здруженија и фондации и кои делуваат на територијата на Северна Македонија имаат право да се пријават и да бидат регистрирани, информираат од СЕП. 

Извор: 24инфо.мк

Tags: граѓански организацииЕвропска УнијаСЕП
Next Post

На Апасиев му ја изгребале Алфата, а вие се дрзнувате да се буните за хаосот низ улиците

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk