Германскиот амбасадор во Велика Британија, Мигел Бергер, изјави денеска за Скај њуз дека во наредните недели очекува нов бран украински бегалци, што ќе се совпадне со ниските температури.
Путин продолжува да го тероризира цивилното население. Ние сме многу загрижени поради тоа бидејќи нападите врз енергетската инфраструктура значат дека многу луѓе кои се смрзнуваат на ниски температури би можеле да бидат принудени да ја напуштат Украина, истакна Бергер, додавајќи дека како резултат на тоа очекува „нова бран на бегалци“.
Во голем број украински градови, вклучувајќи го и главниот град Кијив, веќе падна снег, а жителите се борат со ниските температури и руските напади врз енергетската инфраструктура, предизвикувајќи периодични прекини на струјата, водата и греењето. Од почетокот на војната, стотици илјади украински бегалци заминаа во Германија.
Што се однесува до дипломатијата, Бергер вели дека Германија не гледа суштинска промена во позицијата на Русија, што не го прави оптимист за преговорите меѓу Москва и Кијив.
Не само што не гледаме суштинска промена во позицијата на Русија, туку и не гледам подготвеност за дипломатско решавање на конфликтот, нагласи германскиот амбасадор.