ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Бесими на билатерален скрининг со ЕУ во Брисел

December 5, 2022 16:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска и утре во Брисел ја предводи делегацијата на земјава во билатералниот скрининг за економските критериуми и реформи во јавна администрација и финансиска контрола. Министерството за финансии е водечка институција во овие поглавја од билатералниот скрининг, кој започна со првиот кластер во ноември 2022 година. Областа економски критериуми е првпат вклучена во пристапните преговори.

-Економското управување е суштината на економските критериуми, заради што Министерството за финансии дава исклучителна важност на координацијата на двата клучни процеси, спроведувањето на Програмата на економски реформи и оцена на усогласеноста со економските критериуми за пристапување, рече Бесими на почетокот на билатералниот скрининг за економските критериуми.

Тој потенцира дека редовниот економско-финансиски дијалог со Комисијата, користејќи ја синергијата од утврдување на заеднички препораки, придонесе за насочување на капацитетите на државата кон спроведување на најприоритетните реформи, кои имаат влијание на зголемување на економскиот раст и конкурентноста на државата.

Посочувајќи на влијанието на кризата во изминатата година врз постигнување на посакуваните економски резултати, истакна дека по стабилизирање на глобалните движења се очекува понатаму поставените стратегии и планираните мерки да ги дадат целните резултати.

-Кога зборуваме за економски раст и развој, тоа не е процес кој може и треба да се постигне само за една година, туку станува збор за долгорочен процес на структурни промени кои ќе дадат одржливи резултати. Среднорочниот карактер на Буџетот и неговото поставување врз стратешки документи како што се Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, како генерална рамка, е значаен чекор во напорите за постигнување на целите, рече Бесими

Тој се осврна на даночната реформа, во чии рамки деновите беше претставен новиот концепт, активностите што се преземаат со цел подобрување на управувањето со јавните инвестиции, акцискиот план за справување на неформалната економија, како и активности што се преземаат во енергетскиот сектор.

Министерот за финансии Берсими утре ќе учество на билатералниот скрининг за поглавјето за реформа на јавната администрација и поглавјето 32 кое се однесува на финансиската контрола. Билатералниот скрининг е првиот чекор во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Тој овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со законите и стандардите на ЕУ и со обврските што произлегуваат од нив, како и со нивото на подготвеноста на земјите и нивните планови за натамошно усогласување. Во овој процес Министерството за финансии е водечка институција во осум области, односно поглавја во четири кластери, од вкупно шест кластери во процесот.

Tags: БесимиБриселЕвропска Унијаскрининг
Next Post

Мицкоски ги прашува граѓаните за проекти: „Гласот на народот е полн со незадоволство од неработењето на локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ“

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk