ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски: Владата ќе ги покрие долговите за струја на институции од витално значење, пред сè на здравствените

December 19, 2022 14:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Долговите за неплатена струја на институциите кои се од витално значење ќе ги покрие Владата, согласно прераспределбата поднесена и одобрена во Собранието. Ова пред сè, се однесува на здравствените институции но и други институции кои се од важно значење за државата, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Целта е, додаде, да се обезбеди непречено функционирање на институциите во услови кога цената на електричната енергија на слободниот пазар е десет пати поголема од она што била пред кризниот период.

Како што рече, станува збор за прераспределба на средства кои беа на располагање на непотрошени ставки во буџетот, или таму каде што сметале дека нема потреба да се прават расходи во време на криза, односно да бидат пренаменети за најпотребните и најнеопходни издатоци.

-Што се однесува до електричната енергија која што ја должат голем број на витални институции, таа ќе биде платена со оваа прераспределба од страна на Владата, со соодветно префрлање на финансиските средства. Тоа пред се, се однесува на здравствените установи и на други установи кои извршуваат витални функции. Прераспределбата е и за разни други сегменти во делот на капиталните инвестиции, во делот на други категории, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање, по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.

Во однос на вкупната сума, Ковачевски рече дека тоа најдобро може да го каже Министерството за финансии.

На прашање дали Владата ќе се откаже од ДДВ за електрична енергија според предлогот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не надминува 5 проценти, премиерот одговори дека ДДВ на електрична енергија според Закон треба да биде 18 проценти.

Тој рече дека намалувањето на 5 проценти беше направено на предлог на оваа Влада и тоа беше направено со одреден план, до 1 јануари 2023 година, кога пак ќе биде по повластена стапка, меѓутоа не од 5 проценти, туку од 10 проценти.

Според првичните анализи, премиерот смета дека нема да има ценовен шок за граѓаните, особено од првиот и од вториот тарифен блок.

-Во финалната цена на електрична енергија поголемо учество има цената на електрична енергија која ЕСМ ја испорачува на ЕВН, и со оглед на пресметките кои веќе се предадени на Регулаторна комисија за енергетика, како и на пресметките кои ги прават другите учесници од енергетскиот пазар, според првичните анализи сметам дека нема да има ценовен шок за граѓаните, особено од првиот и од вториот тарифен блок. Тоа се оние граѓани кои повеќе штедат и помалку трошат електрична енергија. Третиот тарифен блок ќе биде со можеби мала промена, додека четвртиот тарифен блок, оние граѓани кои многу трошат електрична енергија и можат да си приуштат да плаќаат повеќе електрична енергија заради своите потреби, таму цената ќе биде зголемена, а истовремено цената на електрична енергија за малите потрошувачи, тоа се 70 илјади компании, мали и средни претпријатија кои што вработуваат 98 проценти од вработените во државата, по она што го гледаме од пресметките, таму може да дојде и до намалување на цената на електрична енергија, рече Ковачевски

Tags: Влада на Република Северна МакедонијаддвДимитар Ковачевскиелектрична енергијанеплатена струјаСобрание
Next Post
Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија (фото извор: НБРСМ)

Ангеловска–Бежоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан, размената со Србија е зголемена за 20 отсто

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk