Премиерот Ковачевски објави видео порака во која ги изнесе главните достигнувања во изминатата година – во една минута. Кратко и јасно!
Повисоки плати и пензии
Во годината што измина, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветивме, го исполнивме. Двојно ја зголемивме минималната плата, а просечната плата веќе е далеку над 500 евра. Успеавме да ги покачиме платите во образованието, здравството, безбедносните сектори. Не ги заборавивме и пензионерите, пензиите се рекордно зголемени и континуирано ќе растат.
Антикризни мерки: 760 милиони евра за компаниите и граѓаните
Успешно се справуваме со кризата и со над 760 милиони евра антикризни мерки, успешно ги поддржавме и компаниите и граѓаните за полесно да го пребродат овој бурен период.
Странски инвестиции, нови патишта, градинки, гасификација, зелена енергија
Отворивме нови градинки, обезбедивме нови странски инвестиции, 2.000 нови подобро платени работни места, пуштивме во употреба нови патишта, а гасификацијата е веќе реалност. Ја започнавме и енергетската трансформација на државата. Северна Македонија станува енергетски центар за зелена енергија.
Во 2023, уште подобро и порешително, нема недостижна цел!
Во новата година, продолжуваме уште подобро и порешително. Нема да има недостижна цел во 2023 година!