Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон денеска изјави дека за главен приоритет на шведското претседавањето со Советот на Европска Унија ќе биде поддршката за Украина, пренесе МИА.
– Најважно во следните шест месеци е Украина, зачувување на единството во ЕУ по повод санкциите (против Русија). Единството меѓу ЕУ и САД е клучно, истакна Кристерсон на прес-конференција во Стокхолм.
Тој се осврна и на аспирациите на Шведска за членство во НАТО и ставот на Турција.
– На Турција и покажавме дека го правиме токму она што го ветивме, да го дополниме шведското законодавство за антитероризам. Турција е меѓу најпогодените земји од тероризмот. Турција понекогаш ги именува оние што сака да бидат екстрадирани од Шведска, но шведскиот закон е многу јасен, овие одлуки ги носат судовите. Ова не треба да го засени напредокот на патот кон НАТО, посочи Кристерсон.
Шведска на почетокот на годината го презеде претседавањето со Советот на ЕУ.