ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стефанчук по средбата со Османи: Задача на сите демократски сили е да обезбедат војната против Украина да заврши со пораз на Русија

January 16, 2023 16:05
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Драго ми е што се сретнав со претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи. Денешната задача на сите демократски сили е да обезбедат војната на Русија против Украина да заврши со пораз на Русија, објави претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, по средбата со Бујар Османи.

Пред два дена како што објави Стефанчук, Украина беше сведок на уште еден ракетен напад, кој доведе до голема трагедија во Днепро. Затоа прва и главна задача што ја нагласи е зајакнувањето на одбранбените капацитети на Украина.

„На Украина и треба повеќе оружје за понатамошно успешно ослободување на нашите територии. Потребни ни се дополнителни системи за воздушна одбрана за заштита на цивилите. Не ни требаат различни верзии на ограничувања. Украина бара воведување на такви санкции кои би ја лишиле Русија од средствата за војната. Сите ресурси што ги добива Руската Федерација од меѓународната трговија, ги троши на убиства и неправедна војна“, истакнува Стефанчук.

Стефанчук истакна дека со Османи разговарале и за имплементацијата на „формулата за мир“ на претседателот на Украина Володимир Зеленски. Сметам на поддршката и застапувањето на оние одредби кои ќе помогнат да се врати мирот и да се заштити светот од војна, нагласи Стефанчук.

Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина, порача денеска Османи, кој во рамки на денешната посета на Украина го посети Бородјанка во кијивската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Османи истакна дека комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа, како ќе се постави во однос принципите и заложбите на Организацијата, за што, како што кажа, тој како претседавач на ОБСЕ нема да дозволи никаков компромис.

Османи денеска се сретна и со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба и изрази силна осуда за континуираната руска агресија врз Украина и потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Бујар Османивојна на УкраинаОБСЕРуслан Стефанчук
Next Post

ЕУ го осуди смртоносниот руски напад врз станбена зграда во Дњепар, Украина

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk