ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија секој понеделник наставата ќе почнува со националната химна, косовските дипломати во кампања за заштита на признавањето на државата

January 17, 2023 12:34
in PMD, БРОЈКИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербеј, одбележувањата и оддавањето почит со новата политика на министерката за образование и спорт на Албанија, Евис Куши, секој понеделник во сите училишта да се интонира националната химна пред почетокот на наставата, кампањата на косовските дипломати за заштита на признавањето на државата, се само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот АЛ-ПРЕС.

ТВ КЛАН –  555 години од смртта на националниот херој Скендербег –  Куши: Секој понеделник наставниот процес ќе започнува со Химната на знамето

„На 555-годишнината од смртта на народниот херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербеу, министерката за образование и спорт на Република Албанија,  Евис Куши, објави видео направено од различни училишта во 12-те области во земјата.

Куши најави  дека почнувајќи од следната недела, секој понеделник, во сите училишта во земјата пред почетокот на наставата ќе се интонира Химната на знамето.“, пренесе албанскиот медиум ТВ Клан.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Косово во кампања за заштита на признавањето на државата

„Косовските дипломати ги интензивираа средбите со нивните колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на почетокот на јануари изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека чекаат десетта земја, без да прецизира за која земја се работи.“, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

РАДИО КОСОВА Е ЛИРЕ: Заврши изработката на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство

„Заврши изработката на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство. Ова за Радио Косово го соопшти портпаролот на германскиот институт „Фондацијата Фридрих Еберт“, Рене Шле.“, пренесе косовскиот медиум Радио Косова е Лире.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Косово надвор од контекстот на албанскиот национализам

„Ако прашањето за Косово не го третираме од гледна точка на националистичката доктрина, како „албанско прашање“, туку на ниво на либерални идеи и човекови права, се покажува дека е за среќа решено прашање. Така како што го третираат САД и Западот, „успешна приказна“.“, извадок од колумната „Косово надвор од контекстот на албанскиот национализам“, од Халил Матоши објавена на косовскиот медиум Газета Експрес.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: АЛ-ПРЕСЃерѓ Кастриоти СкендербејЕвис Куши
Next Post

Нуредини: Ги подигнуваме стандардите за управување со отпад

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk