ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Малолетни имигранти Албанци исчезнати во Британија, која е поврзаноста со уапсениот функционер на ФБИ со Рама

January 25, 2023 11:32
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сагата со албанските емигранти во Велика Британија продолжува, а денешниот фокус на медиумите во Албанија е исчезнувањето на околу 200 малолетни имигранти Албанци во Британија, како и апсењето на поранешен функционер на ФБИ кој медиумите го поврзуваат со Еди Рама. Ова е дел од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБЕУ: Аларм во Британија, „исчезнаа“ 200 малолетни имигранти, повеќето Албанци

„Двесте малолетни мигранти без придружба кои престојувале во британски хотели исчезнале, објави во вторникот британската влада, обвинета од опозицијата за „напуштање деца“.

Според  Заменик државниот секретар за имиграција Роберт Џенрик, пријавени се 440 „исчезнувања“, а 200 од нив се уште не се пронајдени. 13 биле помлади од 16 години, додека само едно е девојче.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

БАЛКАН ВЕБ: Уапсен е поранешниот функционер на ФБИ познат како пријател на Рама, земал пари „на рака“ од Русите

„Поранешен висок функционер на ФБИ е обвинет за кршење на американските санкции против Русија со тоа што земал „прикриени“ плаќања од руски олигарх.

Чарлс МекГонигал, кој го предводеше одделот за контраразузнавање на ФБИ во Њујорк од 2016 до 2018 година, беше уапсен во саботата, обвинет дека работел со поранешен советски дипломат кој станал руски преведувач во име на рускиот милијардер Олег Дерипаска. Во меѓувреме, во напис на „Инсајдер“ се открива дека поранешниот функционер бил поврзан со албанскиот премиер Еди Рама“,  пренесува БалканВеб.

ИНСАЈДЕРИ – Османи: Србите на северот на Косово се плашат од криминалните банди на Вучиќ

„Проблемот е што Србите на северот на Косово се на границата со Србија, а Вучиќ ги користи како заложници: не се плашат од мене, тие се плашат од српските банди кои влегуваат во нивните куќи, им ги палат автомобилите, им се закануваат на нивните деца“, изјави косовската претседателка Вјоса  Османи за италијанскиот  „Кориере “, пренесува косовскиот Инсајдери.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Имотот на функционерите во Косово кој не е оправдан, ќе биде конфискуван

„Косовскиот заменик-министер за правда , Блерим Салаху, изјави дека сите јавни функционери кои земаат плата од буџетот на Косово и кои не можат да го оправдаат богатството, ќе бидат конфискувани од судовите на Косово.“, пренесе Газета Експрес.

ИНДЕКС – Феноменот Али Ахмети: Неговите идеи тешко се отфрлаат!

„Дали постои „феноменот Али Ахмети?

„Изгледа постои. Кога еден политичар е на политичката сцена 20 години по ред и никогаш не изгубил избори, тогаш со право можеме да зборуваме за него како за феномен. Но, самиот факт не е единствениот аргумент.“, извадок од едиторијалот  „Феноменот Али Ахмети: Неговите идеи тешко се отфрлаат!“ на ИНДЕКС.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиАхметиБританијаКосовомигрантиОсманиРамаруски париФБИ
Next Post

Папа Франциско: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело, бог ги сака сите свои деца какви што се

EVN

НАЈНОВО

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk