Лидерите на ЕУ се во Кијив на Самитот Украина-ЕУ, што е прв таков самит што се одржува откако Владимир Путин ја изврши инвазијата врз Украина.
Двете страни ќе разговараат за повеќе работи, од европска воена и хуманитарна поддршка до натамошни дејствија против Русија.
На врвот на агендата, сепак, ќе бидат разговорите за пристапување на Украина во ЕУ. Иако ЕУ ја прифати Украина како земја кандидат и Европа нашироко се собра во поддршката на Украина во одбраната од руската агресија, пристапувањето во ЕУ е комплициран, долг процес кој, без разлика колку се итни желбите на Украина, процесот не може да се забрза, пренесува Си-Ен-Ен.
Пред самитот, Зеленски најави широко распространето сузбивање на корупцијата во Украина. Не е тајна дека обемот на корупција во неговата земја ќе го отежне пристапот во ЕУ во скоро време, така што овој потег е за поздравување. Но, додека Украина се уште е во војна, ќе биде многу тешко за ЕУ правилно да процени колку постигнала оваа акција.
Сè што е комплицирано во ЕУ, меѓу другото е и барањето за согласност од сите 27 членки. Ова може да трае повеќе од 10 години. Тие не треба само да се договорат за приклучување на земја, тие треба да се согласат дека земјата-кандидат ги исполнила сите видови критериуми преку серија гласања кои во некои случаи треба да бидат одобрени назад во домашните парламенти на земјите-членки. И со оглед на тоа што земјите-членки речиси секогаш не се согласуваат за некое или друго прашање, овие гласови може да се користат како договор за договарање.
Така, накратко, ЕУ може да и вети на Украина поголема поддршка, меѓу другото, што Кијив би сакал во моментов. Но, на големото прашање, дури и раководителите на институциите се на милост и немилост на домашната европска политика.
Подготви: А. Р.