ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Во Брисел продолжуваат билатералните скрининг-состаноци од Кластер 2 „Внатрешен пазар“

February 10, 2023 15:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел продолжуваат билатералните скрининг-состаноци од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, а на денешната билатерална скрининг-агенда е состанокот Поглавје 4, „Слободно движење на капитал“.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговарачкиот тим го предводи заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која во воведниот говор пред експертите на Унијата, посочи дека Северна Македонија прави континуирани напори за усогласување на националното законодавство со европското во оваа област, што подразбира целосна либерализација и во фаза на капиталните текови од финансиските сметки, а сето ова во согласност со втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која започна во декември 2018 година.

– Во делот на движењето на капиталот и плаќањата, во согласност со ССА, нашиот Закон за валутна дејност предвидува постепена либерализација на движењето на капиталот. Што се однесува со платните системи, сегашната правна рамка на нашата земја која ја регулира работењето на платниот систем е суштинско усогласена со законодавството на Европската Унија. Во април 2022 година беше донесен Законот за Платежни услуги и платни системи, кој во голема мера е усогласен со Директивата на ЕУ за платежни услуги, како и со другите ЕУ директиви за електронски пари и платен промет. Овој закон се применува од јануари 2023 година и оттогаш платежните трансакции се вршат не само од страна на банките, туку и другите лиценцирани платежни институции, додаде Абдиу-Халили.

Целта на Поглавјето посветено на слободното движење на капиталот е да се овозможи ефикасна прекугранична дистрибуција на физички и финансиски капитал за инвестициски и финансиски цели.

За граѓаните, како што се наведува во соопштението на СЕП, тоа значи можности за извршување на повеќе трансакции, вклучително и отворање банкарски сметки во странство, купување хартии од вредност во странски компании, инвестирање таму каде што повратот на инвестицијата е подобар како и купување на недвижен имот во странство.

За бизнисите, слободното движење на капиталот значи инвестирање и купување на бизниси внатре во единствениот пазар на ЕУ, како и обезбедување поевтин и достапен капитал.

СЕП додава дека работната група за ова поглавје ја сочинуваат претставници од Министерството за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Централен регистар, Агенцијата за супервизија на осигурување, Управа за финансиско разузнавање, Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција, Државна комисија за спречување на корупцијата и Секретаријатот за европски прашања.

– Во текот на оваа недела, македонскиот преговарачки тим успешно ги заврши билатералните скрининзи за поглавјата 1 и 4, односно „Слободно движење на стоки“ и „Слободно движење на капитал“, кои се две од четирите основни слободи на кои се темели единствениот пазар на ЕУ, стои во соопштението на СЕО.

Од 27 февруари до 3 март ќе се одржат билатералните скрининг-состаноци за Поглавјето 9, „Финансиски услуги“, Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ и Поглавјето 2 посветено на слободното движење на работници.

Tags: „Внатрешен пазар“„Слободно движење на капитал“БриселДрита Абдиу-ХалилиЕУКластер 2Поглавје 4
Next Post

Предложен притвор за сопственикот на порталот „Доказ м“, ОЈО го товари за повеќе кривични дела

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk