ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи од Турција: Поддршка од ОБСЕ за зголемување на напорите за хуманитарна помош

February 20, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи денес, заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид оствари посета на Република Турција која беше погодена од серија разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, а стотици илјади се повредени. Османи за време на посетата оствари работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, каде ја изрази поддршката на ОБСЕ за Турција во надминување на катастрофалните последици со кои земјата се соочува.

„Мојата посета во Турција доаѓа во период на голема тага. Оваа катастрофа предизвика незамисливо страдање и болка за илјадници семејства и заедници низ целата земја. Се надеваме дека повредените наскоро ќе закрепнат и нашите мисли и молитви се со вас. Уште еднаш, во името на ОБСЕ, им изразувам сочувство на семејствата на жртвите кои ги загубија животите во оваа трагедија”, рече Османи.

Во своето обраќање Османи ја истакна издржливоста и храброста на турскиот народ, потенцирајќи дека целиот свет е обединет во солидарноста. Тој ја нагласи важноста на колективната одговорност за континуирано давање помош и поддршка на погодените од трагедијата.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика за да се заблагодарам на сите земји учеснички на ОБСЕ за нивната поддршка кон Турција во овие тешки времиња. Но исто така, сакам да оддадам почит и кон секој еден граѓанин на оваа планета кој го дал својот каков бил придонес, без разлика колку е мал, бидејќи придонел во хуманитарните напори”, порача Османи.

Во својство на претседавач со ОБСЕ Османи испрати порака дека треба да размислуваме и да работиме за иднината, истакнувајќи дека тоа ќе бара колективна акција во наредните години. Тој најави дека ОБСЕ ќе продолжи да работи со сите земји-учеснички за да се обезбеди помош, најавувајќи уште поголем ангажман од страна на Организацијата и поддршка од фондовите на ОБСЕ.

„ Турција изрази загриженост за отсуството на конкретни механизми од страна на ОБСЕ кога станува збор за одговор на катастрофи. Би сакал да ве уверам дека сериозно ги сфаќаме овие грижи и дека работиме на нивно решавање. Ни треба уште поголем ангажман од целата меѓународна заедница, вклучително и од ОБСЕ. Моето присуство овде денес, како Претседавач со ОБСЕ, заедно со Генералната секретарка Хелга Шмид, е доказ за нашата одлучност во овој поглед”, истакна Османи.

Османи посетата ја искористи и да ја искаже благодарноста за граѓаните на нашата земја кои организираа бројни хуманитарни акции за поддршка на турскиот народ.

„Би сакал да ја искористам приликата и да ја изразам мојата благодарност до луѓето од мојата земја, Северна Македонија. Тие покажаа огромна солидарност и отворени срца веднаш да пружат помош за турскиот народ. Владата и институциите испратија хуманитарна помош, специјални единици на терен и финансиска поддршка. Блиските односи меѓу Северна Македонија и Турција се изградени врз основа на силна доверба и взаемно почитување.”

Османи истакна дека поддршката за Република Турција ќе продолжи и во следните денови и недели, сè додека турскиот народ целосно не се закрепне од оваа трагедија.

Tags: МНРОБСЕОсманипомошТурција
Next Post

(ФОТО) Бајден од Кијив: САД и светот е со вас - Зеленски верува дека годинава ќе ја освои војната

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk