„Пред малку во Херсон државата терорист Русиja и земја членка на ОБСЕ нанесе удар врз станбени квартови, објекти на критичната инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи, автомобили и станица на јавен превоз. Во моментов е познато за 6 починати и 12 ранети лица, пишува на Твитер украинската амбасадорка во Скопје“, Лариса Дир.
(Вознемирувачки фотографии)
Пред малку во Херсон државата терорист русиja и земја членка на #ОБСЕ нанесе удар врз станбени квартали, објекти на критичната инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи, автомобили и станица на јавен превоз.
Во моментов е познато за 6 починати и 12 ранети лица.
?OCSouth pic.twitter.com/y8ynIcvP09— Larysa Dir (@dir_larysa) February 21, 2023
Русија денес изврши гранатирање на постојка за јавен превоз и станбени згради во Херсон, при што загинаа шест лица, а беа повредени најмалку дванаесет, пренесе Укринформ.
„Во Херсон, непријателот погоди станбени населби, објекти од критична инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи и автомобили“, се вели во извештајот.
Се додава дека неколку згради се сериозно оштетени, додека во станбени блокови, неколку станови се запалиле поради директен удар.
Под напад беа и локалниот пазар и постојката за јавен превоз.
Ј. Ѓ.
.