Силна експлозија одекнала во западниот дел на Кијив на 23 февруари, како што јави новинар на Кијив Индипендент. Предупредувањето за воздушен напад беше вклучено неколку минути пред експлозијата.
Украинските власти претходно оваа недела објавија дека делови од земјата ќе ги зајакнат безбедносните мерки пред една година од целосната инвазија на Русија.
Претседателот Зеленски претходно овој месец предупреди дека Русија би можела да планира одмазднички напад во февруари за минатогодишните порази.
А. Р.