Од почетокот на целосната војна, Русија изврши речиси 5.000 ракетни напади и 3.500 воздушни напади врз објекти низ целата територија на Украина, како и речиси 1.100 напади со помош на беспилотни летала.
„Генерално, од почетокот на целосната вооружена агресија на руските окупациони сили, извршени се речиси 5.000 ракетни напади и речиси 3.500 воздушни напади врз објекти на територијата на Украина, изјави бригадниот генерал Олексеј Хромов, заменик началник на главниот оперативен оддел на Генералштабот на вооружените сили на Украина, јавува дописникот на Укринформ.
Хромов додаде дека украинските бранители уништиле шест непријателски авиони и два хеликоптери, собориле 80 крстаречки ракети и 84 беспилотни летала овој месец.
Како што е соопштено, на 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна нова фаза од војната против Украина – инвазија од целосен обем. За една година војна, вооружените сили на Украина му нанесоа значителни загуби на агресорот, десеткувајќи речиси 146.000 руски напаѓачи.
Подготви: А. Р.