ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пендаровски: Светот во кој моќта на агресорот е посилна од мирот и демократијата би бил опасно место за живеење

February 24, 2023 12:18
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, изминува точно една година од почетокот на бруталната руска воена агресија врз Украина, која го втурна украински народ во невидени страдања, загуба на човечки животи и ужасна деструкција. А, сите нас останатите не соочи со фактот дека во Европа повторно се води крвав конфликт кој предизвикува хуманитарна, економска, енергетска и безбедносна криза. Станува збор за трагедија која влезе во нашите домови и во нашите мисли и пред која немаме право да останеме без зборови, рече претседателот Стево Пендаровски, на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Паметам дека во февруари минатата година, во предвечерието на агресијата, на Минхенска безбедносна конференција, најоптимистичките прогнози беа дека во случај на напад, Украина нема да може да издржи повеќе од две недели. Но, Украина издржа, решена по секоја цена да ја сочува својата независност. Украина, која изминатите месеци ја плати борбата за демократија со илјадици човечки животи, покажа дека дефинитивниот избор на секој народ се демократијата и слободата, а не тиранијата и насилството“, рече тој.

Претседателот истакна дека ниту една агресија не може да биде оправдана, независно дали ги следите академските дефиниции или реалниот живот. Не постои никаков сомнеж дека рускиот напад врз Украина претставува директно кршење на меѓународниот поредок и системот на безбедносна архитектура кој требаше да овозможи траен мир, стабилност и просперитет во Европа по завршувањето на Студената војна. Русија ги прекрши сите меѓународни правни акти во тој контекст и во текот на изминатата година, нејзините војници извршија грозоморни злосторства врз многубројни украински цивили, акти несвојствени за една цивилизирана држава.

„Сликите и сведоштвата од Буча, Ирпињ, Мариупол, Херсон, Харков и другите украински градови и села говорат за отсуство на базичното чувство за хуманост на руската воена машинерија, но, сведочат и за тоа до што може да доведе една анахрона и автократска политика кога за архитектите на оваа војна ниту илјадниците мртви на нивна страна не се доволна причина за запирање на спиралата на безумие. На страната на демократскиот дел од светот не смее да има никакво двоумење дека сите злосторства треба да бидат детално истражени, а виновниците соочени со правдата.

Сцените кои секој ден ги гледаме пред нашите очи од украинските градови и села говорат за храброста и нескршливиот дух на украинскиот народ, што е најсилна потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слободата и љубовта кон татковината. Жртвата која денес ја прави украинскиот народ е порака за сите оние кои сеуште калкулираат и анализираат за тоа како треба да заврши оваа војна. За секое морално човечко суштество единствениот праведен исход треба да биде ослободување на целата територија на Украина“, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегањето по слободата на другиот. За сите оние кои мислат со својата глава нема никаква дилема дека руската агресија е војна на една диктатура против една демократија. Војна на минатото против просперитетот и во тој судир демократскиот свет нема право на пораз.

Токму поради ова, уште на самиот почеток, како држава, заедно со нашите сојузници во НАТО Алијансата понудивме подршка и продолжуваме и понатаму да асистираме со хуманитарна, техничка и воена помош која е потребна за да се намалат загубите, санираат штетите и да се извојува конечната победа.

„Во светло на се почестите предвидувања последниов период дека агресорот се прегрупира, засилува и подготвува офанзива долж источниот и јужниот фронт, единството на демократскиот свет и натамошната робусна поддршка на Украина е исто толку важна колку и решеноста на украинскиот народ да ја извојува победата.

Во оваа смисла може само да радува фактот дека изминатите недели клучните европски сојузници, заедно со Соединетите Американски Држави донесоа важни одлуки за конкретна воена и економска помош на Украина што ќе овозможи одбрана и потиснување на руските сили надвор од окупираните територии. Јасно е дека само на тој начин можат да бидат создадени услови за крај на војната и обезбедување гаранции дека никогаш повеќе Украина и Европа нема да се соочат со егзистенцијални закани и конфликти од девастирачки размери“, рече тој.

Пендаровски додаде дека во овој контекст е важно да потенцираме дека изборот за тоа кога и под кои услови ќе настапи мирот е најправедно да го направат самите украински граѓани, кои се борат за сопствениот опстанок. Нашата поддршка на нивните напори ќе продолжи да биде недвосмислена и конкретна, бидејќи легитимирањето на агресијата како средство за постигнување на било која цел, е не само недозволено, туку и неморално во свет во кој основна вредност е човечкиот живот.

Светот во кој моќта на агресорот е посилна од мирот и демократијата би бил опасно место за живеење во кое перманентната нестабилност би била нашата “нова нормалност”. Сите слободоумни и мислечки луѓе не смеат да дозволат да живееме во таков свет, потенцира Пендаровски.

Tags: инвазијаКонференцијаПендаровскиРусијаУкраинаЦИВИЛ
Next Post

Нацев: Да не се отрпнува на заканите за поставени бомби, државните органи да дадат максимум во своите заложби

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk