Руските напаѓачи синоќа го гранатираа градот Свјатохирск во областа Доњецк, погодувајќи единица на Државната служба за вонредни состојби. Според првичните информации, во нападот загинал еден спасувач, а четворица се повредени, изјави шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, преку својот фејсбук профил, пренесува Укринформ.
„Ноќеска Русите го гранатираа Свјатохирск, погодувајќи единица на Државната служба за вонредни состојби. Според првичните информации, еден спасувач загина, а четворица други се повредени. Ова е свесен и циничен напад не врз војската, туку врз оние кои им помагаат на цивилите во преживувањето во време на активни воени дејствија“, напиша тој, изразувајќи искрено сочувство до роднините на починатиот спасувач и посакувајќи им на ранетите брзо закрепнување.
Коментирајќи ја оперативната ситуација во другите делови на регионот, Кириленко рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е постојано напната.
Подготви: А. Р.