ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Глупоста и злобата на вмро можат да се уништат со потег на перото?

March 19, 2023 11:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Кои се основните фрази што децата во Нордот ги примаат уште во раната фаза на домашното воспитување?

Ќе те фрлам од тераса!

Ќе ти ја скршам главата!

Ќе те убијам!

Ќе те истепам!

Знам дека Македонците мислат дека тоа се невини фрази на кои никој не треба да обрнува внимание, но јас ве уверувам дека не е така.

Тие изрази преведени на француски се јасен сигнал дека семејството во кое детето слуша вакви работи веднаш треба да го посети шефот на социјалните служби со психијатар или јавен обвинител.

Да, да, да!

Децата немаат смисла за раскалашеноста, ограниченоста и одвратноста во изразот на своите родители, немаат инструментариум да ги преработат тие буквалности во нивниот племенско поетски фазон, туку им се таложат во главата како трауми и хендикепи.

Култивирајте се.

Внимавајте како им се обраќате на децата.

На партнерите и на гостите.

Вучиќ, на пример, во најдобри намери го разори српското општество на темата за Косово до нивото на кое сега не може да го следи во остварувањето на договорот со Приштина, откако самиот разбра дека Косово не е најсвет српски збор, туку камен што ја влече целата држава кон дното на Европа и на времето. Како на нацијата што десет години ја кретенизираше, да ѝ го сервира единствениот европски документ за просперитет на Србија? Тоа е најголемото прашање по состанокот во Охрид. Неговата борба не е веќе со Курти, туку со своите луѓе во Белград. Ќе му треба уште малку време и многу работа, среќа и поддршка на Европа и на светот. Во таков контекст може да се каже дека Охридскиот самит претставуваше успешно вадење на туморот од телото на Европа и конечно дефинирање на Србија и на Косово како две држави чие формално признавање можеби ќе почека, но јасно е новото ниво на кое тие односи се поставени во Охрид.

Тоа, меѓу другото, може да биде и треба да биде и знак за афирмацијата на Македонија како средина која со своите искуства, а и со близината на косовско-српската проблематика, може да биде важна во најпозитивна смисла на зборот. Особено ако успееме да разбереме, како критична маса, дека последиците од постоењето и политиките на вмро, ќе мораме да го отстрануваме со децении. Затоа што се културолошки и ментални, повеќе отколку што се политички.

Дубравка покажа дека кога си над, глупоста и злобата можат да се уништат со еден потег на перото, без вера, надеж и останатите домовинско, мајковински и патријархални лаги.

Овие убави зборови на Светлана Слапшак за Дубравка Угрешиќ по повод заминувањето на големата писателка, јас ги сфатив безобразно користољубиво: Како порака дека имаме со што да пливаме во морето на злобата, неписменоста и глупоста, па дури и да го исушиме и да го сведеме на мала бара за полноглавците кои денеска го зобат еко системот на Македонија и бараат предвремени избори час поскоро, сигурни дека ќе им ја препуштиме државата и општите работи, имено, затоа што се глупави.

Глупаци!

Еве една мала илустрација што сѐ треба да исушуваме.

Сонцето пече како небеска рингла што Господ ја заборавил вклучена на илјадарка.

А  државниот врв тера мировни преговори во Охрид.

Тоа што некое дете може да добие сончаница додека Вучиќ и Курти да потпишат некаков договор, не ги интересира, тие се однесуваат како уште да е зима.

Крајна негрижа за народот.

Кој ги плаќа.

Од свој џеб.

И освен што му е дозволено со неограничени количества да ги заебава во какви било поводи и пози или без повод, гледајќи ги в лице, е единствениот поврат што го добиваат за платите што им ги плаќа на министрите, премиерите и претседателите.

Кога ќе добиеме владини повереници за граѓаните?

Секој граѓанин да има владин повереник кој ќе се грижи за човекот кој му е доделен.

Како што секој може да има свој банкар, на пример, да има и свој министер.

Да му спушти тенда ако многу пече, како денеска пред Капитол, да му купи лек, да му го фрли ѓубрето, да му нафрли сексуален партнер, а не да се бута во автобусите и да се чеша од задникот на првиот субјект во турканицата.

Ако корисникот умре, да внимава буквите на споменикот да не се искривени итн.

Кога?!

Никогаш!

Сѐ е уништено, сѐ.

Даравелски го ослободија.

Сашо го ослободија.

Орце го ослободија.

Боки го пратија на операција.

Само криминалците ги уживаат благодатите на државата.

Луѓето почнаа да мислат дека никогаш нема да можат да ја почувствуваат љубовта на Македонија ако не се избањаат во криминални пари.

Ако не земат мито, ако не перат пари, ако не учествуваат во собраниски и државни пучеви, ако не му ја скршат главата на некого или макар да му го запалат џипот.

Но, како да ви кажам, странските инвеститори ги боли таквото за кокошкарската симфонија на македонската јавност.

Самоизедена во перцепцијата што вмро ѝ ја сипа во главата како врел зејтин низ увото.

Тие го читаат Тричковски и знаат дека најдобро место за инвестиции е Нордот.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Tags: вмровоспитувањеВучиќДубравка УгрешиќКурти
Next Post

Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа во Бангладеш

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk