ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Апелација го ослободи Мијалков и за „Плацеви на Водно“

March 24, 2023 15:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: скриншот

Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-127/22, во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 14.02.2023 година, донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Н. Г. од С. и на правното лице ДТУОР Л.К.Ц. ДООЕЛ С., а делумно ја уважи жалбата на обвинетиот С. М. од С. Истовремено, ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од судот.

Апелациониот суд Скопје пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во осудителниот дел под I од изреката, ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција на начин што:

– на обвинетиот Н. Г. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст.1 од Кривичниот законик, му се утврдува казна затвор во траење од 7- седум години, а за кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3 – три години и 6 – шест месеци и согласно чл.44 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 9 – девет години

– на обвинетиот С. М. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 став 1 в.в со член 24 од Кривичниот законик, му се изрекува алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА така што одмерената казна затвор во траење од 1- една година и 3 – три месеци, во која му е засметано и времето поминато во притвор сметано од 22.12.2021 година до 29.12.2021 година се зема за утврдена и се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 4 – четири години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Апелациониот суд Скопје првостепената пресуда КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во останатиот осудителен дел под I од изреката, ја потврди.

Првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на постапката, фактичката состојба е јасна и правилно е утврдена. По однос на казните утврдени за обвинетиот Н.Г.од С. Апелациониот суд Скопје оцени дека првостепениот суд недоволно ги ценел отежителните околности и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на изречената казна и одлучи како во изреката.

По однос на обвинетиот С.М. од С. кој е помагач од член 24 на Кривичниот законик за кривично дело од член 273 став 1 кој не преземал реални дејствија и постапки, туку дејствијата му се вербални, за кое се огласени виновни и осудени Н.Г.од С., Ј.К.од С: 1 (една ) година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка – условна осуда, Р.Н. од С. алтернативна мерка – условна осуда, па советот оцени дека првостепниот суд го повредил член 24 од Кривичниот законик, во кој е наведено дека помагачот се казнува исто или поблаго од сторителот на делото. Имајќи го во предвид член 24 од Кривичниот законик и во сооднос и корелација на казните на Н.Г. од С. (кој е во бегство),, Ј.К: – една година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка условна осуда, Р.Н. Алтернативна мерка – условна осуда директни сторители со конкретни дејствија и постапки, како и одлуките на Врховниот суд на РСМ и Врховните судови на земјите од поранешна СФРЈ, одлучи како во изреката.

По однос на конфискуваниот недвижен имот од обвинетите како и од правното лице, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепната пресуда со која е конфискуван целокупниот недвижен имот во приближна вредност 3.000.000,00 евра, стои во соопштението од Апелацискиот суд.

Tags: МијалковПлацеви на Водно
Next Post

Косовскиот премиер Курти в недела во Тирана

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk