Руската инвазија доведе до уништување на стотици верски објекти од сите конфесии во Украина, соопшти денеска украинскиот претседателот Володимир Зеленски преку социјалните мрежи.
– Стотици верски објекти беа уништени, оштетени или ограбени како резултат на руската инвазија врз Украина, рече Зеленски.
– Беа погодени сите религии и деноминации, вклучувајќи цркви, џамии, синагоги, образовни и административни згради на верските заедници во Украина, додаде тој.
Зеленски повика на кампања за обезбедување донации за реконструкција.
– За Русија се е само цел. Но, проектилите и артилеријата на терористичката држава не ја скршија нашата хуманост и верба. Украина ќе победи, животот ќе победи, нагласи украинскиот претседател.