ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Потпишан Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Македонија и Србија

March 31, 2023 13:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, министерот Бочварски и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ, го потпишаа Меморандумот за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.

Со Меморандумот се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји.

Ова создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците.

Министерот Бочварски оствари и работна средба со неговиот колега, министерот Весиќ, на која разговараа за интензивирање на соработката во делот на инфраструктурата помеѓу двете држави.

Во фокусот на разговорот беше и проектот за изградба на железничка станица во Табановце, со која би се подигнале капацитетите на железничкиот систем, би се интензивирало и зајакнало регионалното поврзување, како и отворање на можноста за либерализација на патниот транспорт.

Двете страни се согласија дека процесот Отворен Балкан дава многу можности и дека ваквите средби и разговори носат значајни бенефити и се од исклучително значење за граѓаните на двете земји.

Со почит.

Tags: МакедонијамеморандумПатаринаСрбија
Next Post

Бектеши и Ѓедовиќ потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетиката

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk