ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Презентирана реализацијата на активностите од Стратегијата за борба против корупцијата

April 5, 2023 11:46
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Резултатите од проценката на ризиците од корупција ги извадија на површина најголемите ризични фактори коишто доведуваат до корупција во државата, како и областите и секторите каде што корупцијата е најмногу изразена, истакна претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, на годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси од 2021 до 2025 година.

Ивановска оцени дека борбата со корупцијата и понатаму е голем предизвик.

На презентацијата на која присуствуваа вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во државава, Дејвид Гир, в.д. преставничка на УСАИД во државава, Дон Кармин беше истакнато дека силното политичко влијание, неказнивоста, недоволната транспарентност, недоволната дигитализација, злоупотребата на дискрециските овластувања, се дел од групата најризични фактори што ја поттикнуваат корупцијата во државата.

За надминување на овие ризични фактори во институциите се истакнати 54 проблеми, предложени се 111 мерки и 191 активност.

Од сите мерки и активости 40 проценти се однесуваат на секторите образование, здравство и органи за спроведување на законот.

Најнизок степен на реализација на активностите од акцискиот план на Стратегијата се забележаува кај министерствата за информатичко општетсво и администрација и за земјоделство и шумарство, како и кај Фондот за здравствено осигурување.

Како што беше појаснато, МИОА нема започнато со ниту една од 13 активности, Министерството за земјоделство и шумарство од 14 предвидни активности има реализирано само една, а толку реализирал и ФЗОРСМ од вкупно 13.

-Ако се земе предвид фактот дека овие три институции заедно имаат 40 активности што е околу 23 проценти од вкупниот број на активности за 2022 тогаш е разбирливо зошто е толку низок степенот на реализиација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата, истакнаа од ДКСК

Tags: ДКСКСтратегија за борба против корупцијата
Next Post
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Лукароски: Карма ис а бич!

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мотив, Крушево

    Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk