ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Мишев: Руската пропаганда опстојува во нашите медиуми

May 4, 2023 15:20
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Најповолен амбиент за руска пропаганда од земјите на Западен Балкан има во Србија.  Со започнувањето на руската агресија врз Украина, сите оние принципи на слободно новинарство беа погазени. Русија уште повеќе ја зголеми бруталната репресија врз руското новинарство, што понатаму како домино ефект се одрази на останатите земји“, истакна новинарот Драган мишев на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права“, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Мишев ги посочи како пример над 500 злосторства врз новинари што се случија во Украина од почетокот на руската агресија.

„Што се однесува, пак, до пропагандата во Македонија, таа, за разлика од Србија, не е толку голема. Сепак, има голем број на проруски поддржувачи, меѓу националистичките групи кај Македонците, кои линкот го гледаат во некое православно братство со Русија, иако и во Украина се православни“, рече Мишев.

Мишев потенцираше дека ако руската пропаганда ја ширеа медиуми од кои се очекуваше такво нешто, сега дури и мејстрим медиумите, директно или индиректно придонесуваат кон нејзино ширење.

„ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи вложува огромни напори да го демаскира рускиот наратив кој се пласира по македонските медиуми. Но, мора да признаеме дека тие наративи, и покрај сиот напор, опстојуваат во нашата земја, со индиции за негово зголемување. Наше е да ги откриеме, но додека вистината ја облекува кондурата, лагата веќе го свртела половина свет“, изјави Мишев.

Во контекст на Извештајот на Репортери без граници за слободата на медиуми, и покрај нотираниот напредок на нашата земја, Мишев истакна дека ако правиме паралела со 2016 година, тој напредок е за 80 места.

„Извештајот нотира и дека покрај напредокот, сепак, многу се раширени дезинформациите и владее одреден непрофесионализам што доведува до опаѓање на довербата во медиумите во нашето општество“, истакна Мишев.

Б. Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети / Цивил Медиа

Tags: Драган Мишевмедиумируска пропагандаЦИВИЛ
Next Post

По пандемијата во Албанија се зголемиле приемите во болниците за 8 отсто, најмногу во кардиологија и психијатрија

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk