Јелизавета Невара, 16-годишна девојка која беше ранета од руско гранатирање во Краматорск во областа Доњецк на 29 април, почина од повредите во болница, објави денеска Градскиот совет на Краматорск, пренесува Кијив индипендент.
„Смртта на толку млад човек е страшна трагедија за целата заедница. Лиза беше кревка девојка, тивка и многу скромна. Таа не беше само одлична студентка, туку и пријателска и љубезна душа која секогаш можеше да ги расположи своите пријатели и наставниците“, напиша градскиот совет.
Според градскиот совет на Краматорск, Невара требаше да го прослави својот 17-ти роденден ова лето.
Обединетите нации на почетокот на април известија дека најмалку 501 дете биле убиени од руската војна од почетокот на руската инвазија во Украина, потенцираќи дека реалниот број е веројатно многу поголем.
Обединетите нации, исто така, објавија дека околу 1.000 деца од Украина се здобиле со повреди поради нападите што ги започна Русија, а значителен број од тие повреди се од трајна природа.