ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српска влада: Реконструкција на граничниот премин Прешево-Табановце готова до почеток на летото

May 12, 2023 10:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Влада на Србија

Фото: Влада на Србија

Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево – Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот на граѓани на граничниот премин, јави дописникот на МИА од Белград.

-Работите се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан. Реконструкцијата на преминот е еден од резултатите од Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, кој содржи мерки за забрзување на движењето на возила, луѓе и стока преку државната граница, соопштија од српската влада.

Во соопштението се наведува дека работите што денеска почнуваат од македонска, од српска страна на границата ќе започнат следната недела, а се очекува да завршат во првата половина на следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона, а тоа, покрај одредено намалување на метежот на границите, исто така, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји.

-Имено, во периодот што следи се очекува да се спроведат мерки за признавање на сертификати за мерење на товарните возила меѓу царинските управи на двете земји, со што ќе се скрати времето за спроведување на царинските формалности, наведуваат од српската влада.

Овие мерки, додаваат, ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Прешево – Табановце и за намалување на трошоците за патниците и деловните субјекти, што позитивно ќе се одрази на меѓународната трговија во целиот регион.

-Ова се само некои примери за тоа како Иницијативата Отворен Балкан го забрзува протокот на луѓе, стоки и услуги и заштедува време за граѓаните и стопанството при преминување на државните граници, се наведува во соопштението од српската влада.

Tags: Граничен преминПрешево-Tабановцереконструкција
Next Post

На иницијатива на Отворен Балкан се проширува сообраќајниот пристап на Табановце–Прешево за забрзување на проток на возила

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk