Дваесет лица се повредени, меѓу нив и пет деца, при експлозија во близина на украинскиот град Днипро во која се урна двокатна зграда. Гувернерот Серхиј Лисак изјави дека три деца се тешко ранети и дека 17 лица се згрижени в болница, додавајќи дека уште едно дете се наоѓа под урнатините, објави Ројтерс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека експлозијата се случила меѓу две згради.
За жал, сè уште има луѓе заробени под урнатините. Русија повторно докажа дека е терористичка држава, истакна Зеленски.
На социјалните мрежи се наведува дека причина за експлозијата била руска ракета, а била погодена и зградата на итната служба. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините на зградата. Украинската армија не потврди дека се работи за ракетен напад. Русија негира дека нејзините воени сили гаѓаат цивили цели.
Днипро не е единствената област која била цел на руско гранатирање. Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во нападите на Хирник, град јужно од Харкив. Во Хорливски, во близина на Доњецк, загинаа две лица.
Зеленски денеска на својот твитер-профил објави дека „сè уште е невозможно да се утврди точниот број на повредени деца во руската агресија против Украина, поради активните непријателства и привремената окупација на дел од украинската територија“.
Тој нагласи дека „мора да се издржи и да се победи во оваа војна! Цела Украина, целиот наш народ, сите наши деца мора да бидат ослободени од рускиот терор“.
13-year-old Dmytro from Kharkiv, 4-year-old Lisa from Vinnytsia, Serhii from Novosolone who was just 2 days old. They are among five hundred innocent children whose lives were destroyed by Russia’s onslaught.
Many of them could have become famous scholars, artists, sports… pic.twitter.com/ahXeGP0XY6
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 4, 2023
Г. Т.