ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

June 6, 2023 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, со кои ги сподели деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции, при што ги истакна клучните фактори кои ја прават Северна Македонија атрактивна дестинација за нивните инвестиции.

„Северна Македонија има стратешка локација, сместена на раскрсницата на паневропските транспортни коридори VIII и X, и нуди поволна локација привлекување на ланецот на набавки во европскиот континент наречен неаршоринг (near-shoring). Со воспоставување на производство блиску до европските центри за потрошувачка, германските компаниите можат да ја максимизираат ефикасноста и ефективноста на нивните бизнис процеси”, порача вицепремиерот Битиќи кој ги информираше германските компании дека Северна Македонија е потписник на мултилатерални конвенции и има склучено бројни билатерални договори за заштита на инвестициите, што за странските инвеститори значи заштита преку институции како што е Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID).

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на финансиската поддршка на Владата која во прво место е предвидлива и дека сите постапки се транспарентни со цел да создадат еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори.

„Поддршката е дизајнирана да постигне неколку цели, вклучително и создавање на подобро платени работни места, поттикнување соработка меѓу компаниите и промовирање технолошки развој и иновации”, рече Битиќи кој германските компании ги запозна и со дигиталниот асистент во јавниот сектор, АДА, прв во регионот и пошироко базиран на вештачка интелигенција кој стои на располагање на компаниите да добијат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите, без разлика дали се тоа домашни или странски компании.

Вицепремиерот Битиќи како заклучок, рече дека Северна Македонија е подготвена да ги пречека и поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех, и дека земјата нуди поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка.

„Заедно, дозволете ни да создадеме силни партнерства и да го отклучиме огромниот потенцијал што лежи во нашата соработка”, заклучи Битиќи.

Предводникот на германската делегација, Ханс-Јоаким Баумлер, од консултантската компанија Интегра, се заблагодари за приемот и укажаното внимание од страна на вицепремиерот Битиќи.

Тој истакна дека успешноста на германските компании кои делуваат во Северна Македонија претставува силен мотив за другите компании да го следат нивниот пример и да инвестираат во земјава, која според него нуди добра бизнис клима за понатамошно развивање на трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија.

Инаку, Германија е исклучително важен економски партнер и главен извозен пазар на Република Северна Македонија. Повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе.

Tags: БитиќиВладагермански компании
Next Post

Кривичен реши: Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk