Олександр Мережко е пратеник во Врховна Рада на Украина (Верхо́вна Ра́да Украї́ни) и е претседавач на Комитетот за надворешна политика и интерпарламентарна соработка. Тој, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за жестоките предизвици на украинската нација во стремежот да ја сопре руската брутална инвазија и да ги ослободи окупираните територии и за геноцидот што го спроведува рускиот агресор.
Украинскиот пратеник, инаку и професор по меѓународно право, го посочува членот 51 од Повелбата на ОН, според која земјата жртва на агресија има право да војува и на територијата на земјата агресор.
Мережко говори и за евроатлантскиот пат на Украина и вели дека веќе не е прашање дали, туку кога Украина ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Според него, Украина ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ не подоцна од крајот на оваа, 2023 година.
Во интервјуто, Мережко говори за вистинските пријатели, меѓу кои ја вбројува и Македонија, и оние кои на почетокот на целосната руска инвазија калкулираа и испраќаа хуманитарна помош со која не може да се победи во војна.
Целото интервју: тука