Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а во пресрет на долгоочекуваната украинска летна офанзива, руското Министерство за одбрана денеска, преку провладиниот канал Риа новости, објави видео на кое наводно се гледа како јуришен хеликоптер Ка-52 пука во тенк „Леопард-2“ и го уништува, што тие го нарекоа „прв видео доказ“ од тој вид.
Russians have released a video in which they claim a Russian Ka-52 helicopter strikes on “Leopard 2 tanks.” Only for some reason this “Leopard” looks more like a tractor. For example, John Deere 4830. pic.twitter.com/0e1l2GEp2C
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) June 6, 2023
Сепак, рускиот канал „Воиениј Осведомител“ препозна дека ова не е Леопард-2, па дури не е ниту тенк, туку обично земјоделско возило:
„Ништо не сакаме да кажеме, меѓутоа, возилото на снимката што ја објави Министерството за одбрана на Руската Федерација со својата силуета воопшто не личи на ниту еден тенк.
Russian MoD published a video earlier today allegedly showing a Ka-52 heli firing at a “Leopard-2” tank, which they called “the first video evidence” of its kind.
However, the Russian Voienniy Osvedomitel channel recognized this to not be a Leopard-2, and not even a tank, but a… pic.twitter.com/ptiTvpxirH
— Dmitri (@wartranslated) June 6, 2023
Сепак, овие силуети најмногу потсетуваат на комбајни. За тоа сведочат карактеристичните високо монтирани држачи за растоварање (цевки), кои, поради нивната локација, очигледно не се топови. Исто така, „тенковите“ немаат никакви знаци на „бедеми“.
Во втората сцена од ударот на ракетата, јасно се гледаат 4 тркала на трактор слични на распрскувачот John Deere 4830“.
Украина неодамна го доби Леопард 2, главен борбен тенк од трета генерација, чијшто 68 тонски трупот се носи со две метални шини за тенк што се движат по должината на возилото и го носат на терен кој е непрооден со возила на тркала. Помеѓу нив има оклопна глациска плоча изградена за заштита од мини и проектили.
Возилото што се гледа на видеото на Русија ги нема овие карактеристики, како и други карактеристични елементи како што е 120 милиметарската цевка на вистинскиот Леопард или секундарното вооружување на монтиран митралез што член на екипажот може да го испука од отворот.
Покрај визуелноста, видеото нуди уште еден показател дека не бил тенк Леопард.
Семјуел Бендет, воен експерт кој зборува руски во непрофитната истражувачка група CNA, истакна дека еден оператор вели: „Ајде да тестираме на ова“. Тоа не е нешто што некој воен борец веројатно би го кажал за таргетирање на тенк од највисоко ниво за кој се смета дека му конкурира на најдобрите во Русија.
The Russian operator says “Давай по нему отработаем”(Let’s test on this…), which to me sounds like they wanted to test their systems on this unfortunate tractor. https://t.co/2CnQMYSel2
— Samuel Bendett (@sambendett) June 6, 2023
Сè уште не може со сигурност да се утврди што точно уништи рускиот екипаж, но руското видео нуди неколку индиции. Полиња, заоблени елементи на ниските агли на возилото. Можеби напуштен трактор или комбајн, уште една победа во војната на Русија против украинската пченица?
Но, како што велат, во стравот се големи очите. Или руските војници имаат недоволно обука и класично непознавање на западната воена технологија ( што секако резултира со целосно руско потфрлање во остварувањето на целите кои ги зададае Путин на почетокот на таканаречената „специјална воена операција) или пак, преплашени од успесите на украинските трактори против оклопните руски возила на почетокот на војната, во одмаздничка акција успеваат да погодат напуштен комбајн на сред отворено поле. Херојство достојно за медал.
Драган Мишев / Цивил Медиа