ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“

June 10, 2023 16:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите од Отворен Балкан денеска заедно го промовираа најголемиот регионален саем за вино „Винската визија на Отворен Балкан”. Премиерот Димитар Ковачевски во присуство на претставници на владите на Северна Македонија, на Србија и на Албанија, земјите членки на Отворен Балкан, денеска во Скопје, се обрати на промоцијата на најголемиот регионален саем за вино и успешна винска приказна „Винската визија на Отворен Балкан”.

Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на Отворен Балкан“, кој го имаше своето прво издание минатата година во Белград и предизвика огромно медиумско внимание. Во насока на јакнење на потенцијалот на овој заеднички вински саем, во периодот до неговото второ издание оваа есен, земјите членки организираат промоции на саемот низ регионот.

Премиерот Ковачевски истакна дека, земјите од Отворен Балкан се заедно, тие секогаш биле заедно и секогаш ќе бидат заедно на овие простори, меѓутоа разликата е што никогаш во минатото не соработувале заедно како сега, и таа соработка се гледа токму преку настани и преку вакви активности како што е винскиот саем, „Винска визија на Отворен Балкан“ што прерастува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот.

Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат меѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. Ќе го повторам уште еднаш она што го кажав во Италија и што го кажав и пред тоа дека нашите држави се братски држави. Нашите граѓани заслужуваат да комуницираат помеѓу себе слободно. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат, рече Ковачевски.

Топло добредојде на делегациите од Србија и Албанија им посака и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, денес е наша успешна приказна. Регионот е обединет, со отворени граници со зголемена економска соработка и уште многу бенефиции за граѓаните од сите три земји членки на Отворен Балкан. Ако тргнеме од познатата изрека дека „Во виното е вистината“, ова е нашата вистина, сплотен, убав, прекрасен Балкан. Секогаш отворен и гостопримлив. Сите се добредојдени. Заедно да го славиме животот под ова сонце. Да уживаме во врвните вина и храната со единствен балкански вкус, по која сме препознатливи во светот. Да си ја чуваме традицијата и сите богатства со кои великодушно не обдарила природата. Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион, посочи министерот Николовски.

На настанот свои обраќања имаат и министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ, како и заменик-министер за земјоделство на Албанија, Ариан Јауплари, кои дадоа силна поддршка на промоцијата на „Винската визија на Отворен Балкан”.

На настанот присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори на трите земји, претставници на институции, бизнис заедницата и социо-економските партнери на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

Tags: АлбанијаВинска визија на Отворен БалканКовачевскиНиколовскиСкопјеСрбија
Next Post

Зеленски потврди: Почна контраофанзивата на Украина

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk