ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти со нови детали за уапсените косовски полицајци; САД ја продолжија вонредната состојба за Западен Балкан

June 21, 2023 11:43
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа извести дека шефот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Јетиш Јашари, во вторник ги посетил тројцата полицајци уапсени пред неколку дена од српските власти, САД ја продолжуваат националната вонредна состојба за Западен Балкан. Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Курти зборува за состојбата на тројцата полицајци, подготвен за средбата во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека шефот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Јетиш Јашари, во вторник ги посетил тројцата полицајци уапсени пред неколку дена од српските власти.

„Описот како се случило киднапирањето е ист. Велат дека во моментот на киднапирањето биле на импровизираната маса и ручале. Заедно, кога 15 луѓе ги опколиле, ги нападнале и ги киднапирале. Сите тројца биле заедно. Сите тројца имаат иста приказна, кога посебно ги прашувал нашиот амбасадор Јетиш Јашари“.

Курти изјави дека е заинтересиран да оди во Брисел, на средбата што ја предложи  Борел.

„Подготвен сум и заинтересиран да одам на следниот состанок во Брисел, детално да ги презентирам овие податоци и да разберат дека намалувањето на тензиите значи итно и безусловно ослободување на тројцата полицајци и осуда на српската агресија на Косово. , додека нормализацијата значи итна имплементација на Основниот договор“.“, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Балкан Веб – Бела куќа: САД ја продолжуваат националната вонредна состојба за Западен Балкан

„Белата куќа преку соопштение објави дека американскиот претседател Џо Бајден одлучил да ја продолжи националната вонредна состојба за Западен Балкан најмалку до 26 јуни 2024 година. Оваа вонредна состојба беше прогласена со извршна наредба на 26 јуни 2001 година, но Бајден во изјава издадена на 20 јуни, најави дека ќе биде продолжена и по 26 јуни годинава поради состојбата на Западен Балкан.“, пренесе Балкан Веб.

Бота Сот: Голем  метеж  со камиони со стока на граничниот премин Морина поради блокадата од Србија

„Десетици камиони и шлепери  чекаат во Морина да влезат во Косово. Од косовската царина велат дека има зголемување на протокот, додека дел од возачите кои чекаат се жалат на невнимание.

Портпаролот на косовската Царина Адриатик Ставилеци изјави дека станува збор за зголемување на протокот на камиони и шлепери  кои доаѓаат од Албанија кон Косово.

Во меѓувреме, по блокирањето на влезот на стоки од Србија во Косово, увозот од Албанија е значително зголемен.

За потсетување, по киднапирањето на тројца гранични полицајци од Србија, српска стока не смее да влезе на граничните точки на Косово.“, пренесе Бота Сот.

Газета Метро – Нуланд: Косово и Србија да ги намалат тензиите и да го спроведат договорот, го поддржуваме планот на ЕУ за решавање на кризата

Американскиот државен потсекретар за политички прашања, Викторија Нуланд, најави средба со емисарот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, кого го нарече „стар пријател“, пишува Газета Метро.

Нуланд на Твитер напиша дека ги повикуваат Косово и Србија да ги намалат тензиите и веднаш да започнат со спроведување на најновиот договор на патот кон нормализација.

АЛБАНИЈА 

Панорама: „Не застанувајте, продолжете напред“ порача  американската амбасадорка  пред заминување од Албанија: Реформата во правосудството даде плодови,  Америка ќе биде со вас

„Американската амбасадорка Јури Ким пред крајот на дипломатската мисија во Албанија порача дека нашата земја мора да оди напред. Според неа, реформата во правдата не била лесна, но ги дала своите плодови, додека гарантира  дека Америка ќе биде со Албанија на секој чекор.“, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

ИНА: Северот на Косово не е „тера нулиус“ или ничија земја

„Во медиумите се појавија вести дека КФОР ќе ја спречи косовската полиција да оди на северот на земјата. Ако е таков трендот, тогаш тоа претставува сериозно нарушување на суверенитетот на Република Косово и сето тоа заради деескалација на ситуацијата.

Во овие случаи оваа територија би била прогласена како terra nullius – како ничија земја, добро позната практика на колонијалните закони од минатото.“, пишува авторот Мухамер Пајазити во колумната „Северот на Косово не е „тера нулиус“ или ничија земја“, објавена во ИНА.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Алиу: До крајот на годината најмалку уште шест лица САД ќе ги прогласи за „нон грата“

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk