Постапката за уставни измени се очекува да влезе во Собранието во првата половина на овој месец, односно во следните 10 до 15 дена да започне постапката. Тоа е кажано и од владини функционери и согласно роковите, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека првото гласање се очекува согласно процедурите и роковите кон крајот на јули, односно пред одморот во Собранието.
Ние сме оптимисти, согласно последниот став по лидерската средба на Мицкоски, дека ДПМНЕ е спремно да влезе во Влада под одредени услови, кои за нас се прифатливи и очекуваме да продолжи дијалогот, истакна Каевски.
Пратеникот нагласи дека по средбите на Мицкоски и Ковачевски со политичари од земјите-членки на ЕУ, ќе продолжат разговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од таму каде што се застана по лидерската средба и дека ќе се дојде до бројката од 80 пратеници потребни за првото гласање.