Украинските сили напредуваат во правец на Бахмут, а руските сили се заробени, изјави командантот на копнените сили на Украина, Олександар Сирски.
Источниот град беше упориште на некои од најжестоките борби во војната и моментално е под контрола на Русија, пишува Украинска правда.
Ние напредуваме, одбранбените сили продолжуваат да напредуваат, а непријателот е заробен на некои места, истакна генерало Сирски.
Информацијата ја објави на Телеграм заедно со видео-снимка за што тврди дека прикажува снајперист кој „со еден истрел го уништил непријателот“.
Според Украинското државно обвинителство, од почетокот на војната се убиени најмалку 494 деца, но таа бројка не е конечна.
🕯️Almost 500 children were killed during the 500 days of the full-scale invasion
“494 children have died since the start of the full-scale Russian invasion of Ukraine. These numbers are not final. Work continues to identify them in places of military operations, temporarily…
— KyivPost (@KyivPost) July 8, 2023
Источниот регион Доњецк е место со најголем број деца жртви, со 472 загинати лица на возраст под 18 години.
Обвинителството додава дека се евидентирани 97.314 злосторства на агресија и воени злосторства.
Г. Т.