ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Членство во ЕУ значи подобар животен стандард и силна економија, тоа е патриотизам

August 31, 2023 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Богданка Кузеска

Богданка Кузеска

Share on FacebookShare on Twitter

„Во рацете на македонските пратеници е одговорноста за европска иднината на државата која значи економски напредок, поголем животен стандард, поголеми плати и подобри услови за бизнис“, порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Затоа и граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, над 80% од нашите граѓани сакаат да бидеме дел од Унијата затоа што пред сѐ значи економски развој, повеќе пари за народот и подобар живот.

Изолацијата и неизвесноста, држењето на земјата надвор од ЕУ ќе има директна штета по економијата и стандардот на граѓаните.

ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра од првиот ден на нашата независност.

Забрзувањето на европскиот процеси денеска за нашата економија и за нашиот народ ќе значи 11 пати поголема финансиска помош од фондовите по глава на жител утре.

Ние како држава досега имаме искористено околу една милијарда од ИПА фондовите, додека Хрватска како земја членка за 10 години има искористено дури 25 милијарди евра.

Тоа е разликата.

Дополнително, економиите на земјите кои станале членки на ЕУ во првите 5 години имаат исклучително позитивни стапки на економски раст.

Па така, по членството Словачка има раст на економската активност од 7,4%, Полска од 5,2% а Словенија околу 5%. Толку е голема економската моќ на Унијата.

Растот на платите на работниците пак во првите пет години по зачленувањето во ЕУ е огромен кај сите земји кои станале членки.

Во Романија, Чешка и Бугарија минималната плата пет години откако станале членки на ЕУ се зголемила за три пати. Просечната плата, исто како и минималната плата пораснала за три пати во сите овие земји.

Ова е  директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за семејните буџети и подобар животен стандард која неминовно се случува.

Сето ова ДПМНЕ сака да го блокира, со што работи на директна штета на стандардот на народот.

Тоа ние нема да го дозволиме.

Патриотизмот денес значи да се обезбедат услови за повеќе пари за граѓаните, за компаниите, за европски стандарди, економски силна и развиена држава.

Економски патриотизам денеска значи одлуки кои ќе ја однесат земјата во ЕУ“, вели Кузеска.

Tags: ЕУКузескаСДСМ
Next Post

Приведен бегалец од „Идризово“осуден на затворска казна од 12 години за убиство

Најново

Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk