ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Папата Франциск: Во Европа нема вонредна состојба поради мигрантите

September 23, 2023 15:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Папата Франциск денеска во Марсеј изјави дека Европа не се соочува со вонредна состојба поради приливот на мигранти и го повика францускиот претседател Емануел Макрон и другите европски лидери да ги отворат пристаништата за луѓето што бегаат од проблеми и сиромаштија, објави Еуроњуз.

Тој рече дека миграцијата не е вонредна состојба во Европа, туку долгорочно прашање и реалност со која државите мора да се справат на хуман начин.

Да дозволиме да бидеме трогнати од приказните на нашите несреќни браќа и сестри кои имаат право и да емигрираат и да не емигрираат. Соочени со страшното зло на експлоатација на човечки суштества, решението не е во одбивање, туку да се обезбеди, според можностите, доволен број легални влезови, им рече Франциск на Макрон и на другите учесници на состанокот на медитеранските бискупи во Марсеј.

Десничарската влада на Италија, под притисок од приливот на мигранти од Африка, претходно се закани со порестриктивни мерки и блокада на поморските патишта во Средоземното Море.

Француската Влада ги засили патролите на својата јужна граница за да ги спречи мигрантите да преминат од Италија. Центристичката влада на Макрон зазеде построг став за миграцијата и безбедноста откако се соочи со критики од француските конзервативци и екстремната десница.

Со изборите за Европскиот парламент закажани за следната година, Макрон се залага ЕУ да ги зајакне своите надворешни граници и да биде поефикасна во депортирањето на лицата на кои им е забранет влез.

Макрон и Франциск денеска имаа и тет-а-тет средба.

Ватикан нагласи дека Франциск не е во официјална посета на Франција, туку во посета на Марсеј, бидејќи не сака да оди во официјални посети на силните католички земји пред да ги посети помалите земји и областите каде што луѓето живеат потешко.

И покрај тоа што пред извесно време на Лампедуза пристигнаа 7.000 мигранти за само еден ден, повеќе отколку што има жители на италијанскиот остров, Франциск рече дека оценките за вонредната состојба се само „алармистичка пропаганда“ и поттикнуваат страв кај луѓето.

Г. Т.

Tags: вонредна состојбаевропаМакронмигрантиПапа Францискприфаќање
Next Post

Во Новаци никна најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот која ќе произведува 85.000 MWh струја доволна за опслужување 30.000 семејства

Најново

Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk