ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Наумоски: Разочарувачки е да се гледа како зелени активисти шират мудри зборови од застапниците на „нова традиционална архитектура“

October 3, 2023 11:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Никола Наумоски

Никола Наумоски

Share on FacebookShare on Twitter

Разочарувачки е да се гледа како зелени активисти шират мудри зборови од застапниците на „нова традиционална архитектура“ како ги серат модернизмот и брутализмот во архитектурата по кои е познат Скопје. Ај што никој не може да го прочита написот зашто е затворен, ама насловот го критикува Скопје и тоа им одговара на новите зелени политичари, реагира во објава на Фејсбук, активистот Никола Наумоски.


„Иако, сите зелени површини, паркови, јавни простори, тротоари, дрвореди во Скопје се од периодот во кој Скопје е подигнато од рушевините (втората половина на 20-ти век) под силно влијание на тогашни светски текови во архитектурата и урбанизмот. Иако тие модерни згради од бетон се дела на најпознатите македонски, југословенски и светски архитекти од тоа време, ние дозволуваме некој си Швеѓанец, вљубеник во традицијата и неговиот хрватски пајташ вљубеник во „златните“ периоди на австроунгарски Загреб, да ни го критикуваат најдоброто во нашиот град, па уште и на недоискажано да ги споделуваме (!?).

Ај што имаме непосредно искуство на уништување на централното градско јадро од страна на еден наш вљубеник во „новата традиоционална архитектура“, ај што тој проект уништи преку 20 јавни простори/паркчиња во центарот на градот, ај што уништи десетици згради со своите „нови традиционални фасади“, ај што ги отру јавните простори со „нови традиционални фонтани и споменици“, па сега дочекавме некогашните противници на СК2014 да ги голтаат ваквите грозни подметнувања. Антизелени, антиеколошки, антипрогресивни и нехумани. Шерувани од Зелените.

А, за политичките и идеолошките пораки на оваа „нова традиционална архитектура“ не мислам да трошам зборови. Ако не знаете што овие стилови претставуваат, односот на државата/владетелот кон обичниот човек, односот кон религијата, националните митови, животната средина… тогаш ви нема спас“, пишува активистот и поранешен шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

 

Tags: „зелени активисти“ЗагребНикола НаумоскиСкопје
Next Post

Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

January 27, 2026

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk