ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Заедничка изјава на ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите треба да им се стави крај еднаш засекогаш

October 10, 2023 09:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
[Photo credit: crimefeed.com]

[Photo credit: crimefeed.com]

Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија и Советот на Европа го потврдуваат своето недвосмислено противење на смртната казна, вклучително и какво било нејзино повторно воведување, во сите случаи и во сите околности, се наведува во заедничката изјава на ЕУ и СЕ по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.

– Смртната казна е нехумана и понижувачка санкција, која претставува крајно негирање на човечкото достоинство. Смртната казна не успева да дејствува за спречување на криминалот и ги прави неповратни грешките на правосудниот систем, се наведува во изјавата.

Во текстот се нагласува дека повеќе од две третини од земјите во светот веќе ја укинаа смртната казна во закон или пракса и им се упатуваат честитки на Замбија и Гана затоа што во последнава година ја укинале оваа санкција.

– Го поздравуваме и рекордниот број од 125 гласови за Резолуцијата на Генералното собрание која повикува на глобален мораториум на употребата на смртната казна со цел нејзино конечно укинување. Ги повикуваме државите кои се уште спроведуваат смртни казни да воведат мораториум како прв чекор кон нивно укинување, се додава во изјавата.

ЕУ и Советот на Европа потсетуваат дека оваа година се навршуваат 20 години од стапувањето во сила на Протоколот број 13 на Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на укинувањето на смртната казна во сите околности, кој досега го имаат ратификувано 44 земји членки на СЕ.

– Изразуваме пофалба за тоа, а во исто време ја поздравуваме ратификацијата на Протоколот број 13 во Националното собрание на Ерменија и неговото потпишување од страна на Азербејџан. Ги охрабруваме двете земји брзо да го завршат процесот на ратификација, посочуваат ЕУ и Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот се додава дека Белорусија е единствената земја во Европа која се уште ја применува смртна казна и се изразуваат жалење поради одлуката на Минск да остане во сила можноста за изрекување на оваа санкција на државните службеници и воениот персонал за кривичното дело „велепредавство“.

ЕУ и Советот на Европа посочуваат оти се проценува дека во Кина минатата година се изречени и извршени илјадници смртни казни, иако официјалните бројките остануваат државна тајна.

Во остатокот од светот, земји како Иран и Саудиска Арабија го зголемија бројот на егзекуции. Овие земји, како и други држави, како Сингапур, продолжуваат да го занемаруваат меѓународното право и почитувањето на човековите права со примена на смртна казна во случаи поврзани со дрога, како и дури кога граѓани го изразуваат своето мислење на социјалните мрежи или на улиците. Треба да се напушти употребата на оваа нехумана казна, се потенцира во изјавата.

Во текстот се изразува жалење што и во САД во текот на 2022 и 2023 година продолжи извршувањето на егзекуции и се повикуваат сите држави во кои се уште постои смртната казна да промовираат отворена и демократска дебата за нејзино укинување.

– Имајќи го ова на ум, државите треба да ја подобрат транспарентноста и пристапот до точни информации за постапката, политиката и практиката за смртна казна. Повременото појавување на наративи за повторното воведување на смртната казна треба да биде поттик за поголем ангажман на граѓанското општество и за зајакната промоцијата на аболиционистичката кауза меѓу младите, се истакнува во изјавата.

ЕУ и Советот на Европа ги повикуваат владите на земјите што ја укинаа смртната казна да испратат јасна порака дека оваа санкција нема одново да се воведе во нивните национални казнени системи и нагласуваат дека жестоко ќе продолжат да се залагаат против смртната казна, вклучително и како казна за богохулење, отпадништво или консензуални истополови врски.

– Граѓанското општество останува во првите редови на глобалната борба против смртната казна. ЕУ и Советот на Европа ќе продолжат да ги зајакнуваат партнерствата со цел да се постигне оваа цел во законодавствата и во пракса. На овој значаен ден, ги поздравуваме сите оние адвокати, заштитници на човековите права, теоретичари, политичари и поединци кои продолжуваат неуморно да работат за заштита на човековите права и достоинство и за ставање крај на смртната казна еднаш засекогаш, се истакнува во заедничката изјава на Европската унија и Советот на Европа по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.

 

Tags: ЕУсмртна казнаСовет на Европа
Next Post

Израелската војска ги советува Палестинците од Газа да заминат за Египет

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk