Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Срам и беда се телалите (читај, трубадури) на Мицкоски наречени “новинари”. Ако држиш микрофон во рака, не значи дека си новинар, ами проточен бојлер на куќата која те плаќа. Друго, Мицковите “новинари” се дресирани дека треба да шират албанофобија во земјата само за да го јакнат етничкиот дел на Македонците со омраза за Албанците. И таквите стрелања посебно ќе се засилуваат како ќе се ближат изборите.
“Новинарот” се правда: не спомнал националост, ја спомнал ДУИ како партија. А ДУИ што го претставува најголемиот број на Албанци во земјата, веројатно тоа за нив не е никаков аргумент?
Фатмир Битиќи е еден од најпристојните и најартикулираните луѓе што сум ги видел и слушнал. Со право ја напушти пресконференцијата; на смејат да се трпат или толерираат прашања кои поттикнуваат етничка омраза.
Секоја чест за Битиќи. Така се однесува вистински човек за правата на етничките малцинства во државата.