ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Гир: Земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да ги направат реформите кои се неопходни

October 20, 2023 19:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Алек Ризински

Фото: Алек Ризински

Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција на Унијата и дека земјите кои сакаат да станат членки, треба да ги направат реформите коишто се неопходни.

-Ова е суштински момент за проширувањето во склоп на Европската унија и пошироко. Мислам дека секој што ги следи случувањата во самата ЕУ, не би можел да го испушти ова чувство на итност, динамика и движечка сила за прашањето на проширувањето. Ова се одразува и во неодамнешната декларација што произлезе од Самитот во Гранада што го опиша проширувањето како геостратешка инвестиција на Европската унија во мирот, безбедноста, сигурноста и просперитетот, рече Гир попладнево на Третата сесија во рамки на Конференцијата за меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан.

Задачата на земјите кои сакаат да бидат дел од ЕУ, како што посочи Гир, е да ги комплетираат неоходните реформи кои се од суштинско значење – владеење на правото, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права.

– Владеењето на правото е особено важна област каде не смее да постои компромис или кратење на процесите. Денеска, во Северна Македонија има навистина жива дискусија за овие прашања. Ова е нешто што се случува низ целиот Западен Балкан, рече Гир.

Целта на вистинските реформи, како што нагласи, не е само да е задоволна Европската унија, туку и да се создаде основа за просперитет, стабилност, демократија и безбедност.

– Од наша страна, ние имаме домашна задача што треба да ја завршиме. Ако не зборуваме за реформи во Европската унија, тогаш не пристапуваме сериозно кон прашањето за проширувањето и затоа мислам дека во Европската унија не може да се почне од реформите, па потоа да се оди кон проширувањето, туку да работиме паралелно за да се подготвиме за иднината заедно со Западен Балкан во Европската унија, рече евроамбасадорот Гир.

Според Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и член на Делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ, потребно е стратешко партнерство меѓу Европската унија и Советот на Европа во однос на заедничките вредности што со цел, како што рече, да се интензивира политичкиот дијалог и да се забрза европската перспектива на Западен Балкан.

-Посилната соработка ќе овозможи исто така подобро искористување на сите можности што ги дава Советот на Европа кој имасериозна експертиза пред се во делот на владеењето на правото, демократијата и човековите права, неслучајно и Европскиот суд за човекови права е под надлежност на Советот на Европа, рече Николоски.

Tags: ГирЕУЗападен Балкан
Next Post

Бајден бара пакет помош од 105 милијарди долари за Украина, Израел и за безбедност на границата

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk